Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо изјави дека ја започнал „последната фаза“ од неговиот план за соборување на претседателот Николас Мадуро, тврдејќи дека ја има поддршката од војската. Владата на Мадуро ги осуди тврдењата на Гваидо како обид за државен удар.
Министерот за информации Хорхе Родригез на Твитер напиша дека властите се соочуваат со „мал обид за пуч“ кој е предводен од воени "предавници" поддржани од десничарски противници.
Ројтерс јави дека кон Гваидо и десетина мажи во воени униформи бил фрлен солзавец пред воена база во Каракас. Гваидо порача дека војниците кои излегле на улиците го штитат уставот на Венецуела, ден пред планираниот антивладин протест.
„Моментот е сега“ изјави Гваидо, кој е поддржан од САД и други 50 земји како привремен претседател на Венецуела.