Претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ во Берлин изјави дека сите земји на Балканот имаат меѓународно признати граници, а неприкосновеноста на меѓународно признатите граници е основен принцип на Европската унија
„Повторно почнуваме со прекројување на некои нови граници и зборуваме за размена на територии, засновани на етнички принцип. Тие идеи се познати од минатото, не се нови. Тие идеи беа на Шешељ и Милошевиќ кои кога ги претворија во дела доведоа до смрт на стотици илјади луѓе, геноцид и иселување“, рече Звиздиќ.
Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон вчера во Берлин беа домаќини на средба на претставници на Западен Балкан и Европската унија.