Заев: Германија и Франција ги препознаа подвизите што ги презедовме

Премиерот Зоран Заев

Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.

Тој порача и дека одговорноста и посветеноста на властите нема да запре, бидејќи, како што наведе на социјалната мрежа, европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот,