Ердоган и Трамп за руските системи С-400

Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, Брисел, 11.07.2018.

Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп телефонски разговараа за турскиот предлог за формирање на заедничка работна група за плановите на Анкара за купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400. Вашингтон тврди дека С-400 би можел да ги компромитира американските воени авиони Ф-35. Според Анкара, работната група би можела да го процени влијанието на С-400 врз воените авиони.