Лидерот на такаречената Исламска држава Абу Бакр ал Багдади се појави за прв пат по пет години на видео снимка и го призна поразот на екстримистите во последното упориште на таа група во Сирија. Сепак, тој најави дека претстои „долготрајна битка“, ги повика приврзаниците да ги интензивираат нападите во Франција и ги пофали неодамнешните напади во Шри Ланка во кои загинаа над 250 луѓе. Видеото беше објавено на пропагадната веб страница на екстремистите, а ал Багдади се немаше појавено во јавност од 2014 година кога одржа проповед во ирачкиот град Мосул.