Претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21,ги повика граѓаните в недела, на вториот круг од изборите да излезат масовно и да решат за, како што вели, иднината на земјата. Објаснувајќи го процесот на избори во втор круг, како и потребниот цензус од 40 проценти, Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40 насто, на 12 мај тој ќе треба да ја преземе функцијата претседател на Република Северна Македонија.