Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип денеска обајви дека се пријавени и од нивна страна се следат два случаја на кршење на работничките права.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека во првиот случај се следат отказите на 50 работнички, кои биле пред пензионирање, а потпишувале договори за работа на еден или три месеци со работодавачот.
Во вториот случај се следи можноста за ликвидацијата на уште една фирма во Штип која има 40 вработени.
Прашана каде најмногу се кршат работничките права, Ампева децидно укажува дека тоа се случува во целиот приватен сектор, од супер маркети, па се до текстилните и кожарските фабрики.