Мицкоски: Очекувам да биде постигнат цензус на 5 мај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека очекува да биде постигнат цензус на вториот круг од претседателските избори на 5 мај. Тој на новинарско прашање дали ќе преземе одговорност доколку изгуби нивниот кандидат на претседателските избори изјави дека секоја една изборна трка е момент кога треба да се испитаат ангажманите и политиките.

„Јас не ни помислувам дека има друга опција за РМ и за граѓаните освен опцијата дека Сиљановска Давкова е идниот претседател на РМ. Се разбира Републичкиот изборен штаб ќе презентира извештај за сработеното, а Централниот комитет е тој кој што понатаму ќе одлучува како и во која насока партијата ќе се движи, изјави Мицкоски поприсуството на Велигденската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Во врска со законот за јавното обвинителство со кој се решава идниот статсус на СЈО, Мицкоски рече дека работните групи работат, но дека во моментот фокусот е на претседателските избори, по кои очекува решение за законот.