Скендер Бузаку, кој тврди дека е новиот поглавар на Исламската верска заедница повикувајќи се на решение на Основниот суд Скопје 2, изјави дека не сакал да создава немири, физички судири и најави дека сите постапки ќе ги водат по институционален пат, а потоа ќе ја преземел функцијата.
Бузаку за МИА тврди дека немаат пристап во седиштето на ИВЗ бидејќи, неговиот претходник Сулејман Реџепи, како што вели, ја узурпирал институцијата.
“Ако не ги напушти просториите, ние ќе одиме по судски пат, по пат на извршители, и со асистенција на полицијата”, рече Бузаку.
Тој e дециден дека согласно решението на судот, што вчера излегло во „Службен весник“, Реџепи веќе не бил е реис ул улема, а тврди и дека во ИВЗ биле добро биле пречекани од вработените.