Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во Исламската верска заедница рече дека ги квалификуваат како “скандалозни и недозволиви” и дека најостро ги осудуваат. Според него се работи за директно мешање на државата во верските заедници”.
“Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИВЗ каде што го нарекуваше резил, зло, заштитена мечка и слично. Ваквото мешање најостро го осудувам се уште еднаш и очекуваме надлежните институции кои всушност дојдоа по нарачка и го остварија она што го гледавме вчера дека ќе се повлечат и дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на овој случај”, рече Јанушев.