Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“-Скопје е организатор на акција за чистење диви депонии што почна денеска во сите скопски општини. Во акцијата учествуваат администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.
Почетокот на акцијата го означи директорот ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, a во акцијата денеска беа вклучени и вицепремиерот Бујар Османи и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
“Чистата средина е една од суштинските европски вредности што треба да ги промовираме и треба да работиме на нејзе што повеќе и бидејќи „метлата“ влезе во високата политика сакам да испратам апел до политичарите дека треба да се фатат и за оваа вистинската, реална „метла за да можеме да се соочиме со реалните проблеми на граѓаните и на овој начин доаѓаме во директен контакт со нивните идеи и предлози и нивните предизвици, а токму тоа ни треба сега да се соочиме со граѓаните и нивните потреби”, рече Османи.
Градоначалникот Шилегов рече дека во 2018 година еден граѓанин произведува за осум проценти повеќе ѓубре отколку во 2017-та година и најави дека се набавени нови контејнери, возила и корпи за отпад.