Советот за безбедност на Обединетите нации усвои ублажена верзија на резолуцијата за борба против сексуалното злоставување во конфликтните зони во која не се наведува давање лекарска заштита на жртвите на силување и злоставување. За резолуцијата која ја предложи Германија гласаа 13 членки додека Кина и Русија се воздржаа, бидејќи поднесоа нивен предлог. Во резолуцијата се изразува загриженост поради „бавниот напредок“ во искоренувањето на сексуланото насилство во конфликтните зони во светот.