Босанската гранична полиција демантира дека држи мигранти во кафези

илустрација

Босанската гранична полиција демантира дека нехумано се однесувала со мигрантите откако е прикажано видео со деца и други лица во кафези. Станува збор за мигранти од Ирак, вклучувајќи и пет деца. Полицијата соопшти дека зградата лоцирана на границата со Црна Гора била финансирана од Европската унија и оти немала класични ѕидови, туку ѕидови од мрежа. Босна и Херцеговина стана клучна транзитна рута за мигрантите од Азија и Северна Африка кои се надеваат да стигнат во ЕУ. Само лани низ таа земја минаа 23.000 мигранти.