Тензии во ИВЗ

Илустрација.Џамија.

Пред седиштето на Исламската Верска Заедница во Скопје има присуство на полициски сили поради обидите за смена на поглаварот Сулејмен Реџепи.

До ова дојде по судска одлука со која се прифаќа барањето на една од двете спротивставени групи за нов поглавар да биде назначен Скендер Бузаку.

И во изминатиот период имаше обиди за смена на поглаварот Реџепи, но досега тие беа безуспешни.