Шилегов- ако сте незадоволни од СДСМ, не ја казнувајте државата

Архивска фотографија- градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска одговарајќи на прашање поврзано со изборите во неделата и дали ја сфатиле пораката на народот изрази благодарност до граѓаните за опомената што им ја пратиле.

“По изборите ќе се утврдува индивидуално одговорноста на секој поединечно во рамки на институциите што ги предводи. За нас во овој момент фокусот е на претседателските избори и ги повикувам граѓаните што помасовно да излезат, ако не биле задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме нашата држава и да ја вратиме децении и децении наназад”, рече Шилегов.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека во Општина Карпош, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски извојувал победа.

“Се согласувам дека има намалување на гласовите, но најверојатно тоа е порака дека некои работи што сме ги ветиле и сме почнале да ги реализираме, можеби треба со одредена побрза динамика да се реализираат и тоа е разликата меѓу нас и претходната власт, што ваквите работи и ваквите пораки од граѓаните најдиректно и најсериозно се сфаќаат од наша страна и веднаш ќе почне да се постапува подинамично”, рече Богоев.