Москва треба стратешки да размислува за идната економска соработка со Скопје, каде што двајцата претседателски кандидати кои се натпреваруваат во вториот круг од изборите го поддржуваат влезот на земјата во НАТО и ЕУ. Ова го оценува Владимир Оленченко виш научен соработник во Националниот институт за истражување на светската економија и меѓународни односи „Примаков“ на Руската академија на науките. Според него, руското раководство и бизнисмените треба стратешки да размислат како понатаму да ги развиваат своите односи со Северна Македонија. „Ова прашање, освен политички има и економски аспект. Проширувањето на трговијата и инвестициите треба да бидат од корист за сите страни. Во овој случај, придобивките може да завршат кај НАТО, бидејќи членките на Алијансата треба да придонесат со 2% од нивниот БДП во буџетот на НАТО“, вели тој за руската новинска агенција ТАСС прашувајќи: „Дали сакаме да станеме донатори на НАТО?“