Меѓународните набљудувачи за претседателските избори во Северна Македонија денеска во 15 часот ќе одржат прес-конференција за да ја претстават својата прелиминарна оценка. Мисијата е заеднички потфат на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Меѓународната мисија за набљудување на изборите опфаќа околу 240 набљудувачи од 38 земји, вклучувајќи 189 долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 39 пратеници и персонал од ПС на ОБСЕ и 12 од Парламентарното собрание на Советот на Европа.