Денешниот изборен ден мина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од ниту еден од учесниците во кампањата, а немавме ни посериозни забелешки и од оние кои го набљудуваа процесот, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
„Од аспект на Државна изборна комисија сметам дека ја постигнавме целта да организираме и спроведеме чист и коректен изборен ден“, посочи Дерковски.
Тој рече дека очекува вториот круг, во кој се квалификуваа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, да помине во мирна и коректна атмосфера.