Сиљановска – Давкова: Кандидатите на опозицијата освоија 70 илјади гласови повеќе од кандидатот на власта

Прес-конференција на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Сиљановска Давкова

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, Гордана Сиљановска – Давкова, вечерва изјави дека опозицијата победила на изборите. Таа рече дека ако се споредат гласовите на власта, односно на Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и од ДУИ, и гласовите на опозицијата, односно нејзините и на кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река, тогаш разликата меѓу власта и опозицијата е 70 илјади во корист на опозицијата.

Таа рече дека не случајно ги поврзува претседателските со предвремени парламентарни избори.

Да имавме сериозна власт, уште вечерва ќе размислуваше за предвремени избори, рече таа, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребен радикален пресврт.

Таа рече дека градовите во коишто победила се „демократски бастиони“.