Пендаровски во водство по обработени над 9 отсто од гласовите

Стево Пендаровски

Кандидатот на СДСМ и владината коалиција, Стево Пендаровски од досега пребројаните 9,21 гласови води на претседателските избори. Тој освоил 24 916 гласови, според податоците на ДИК. По него со освоени 22 626 гласови е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давковка.

На третата позиција се наоѓа Блерим Река, кој е кандидат на Алијансата на Албанците и БЕСА. За него својот глас го дале 10 145 избирачи. Досега се обработени 457 избирачки места, при што 2335 од гласачки ливчиња се неважечки.