Во штабот на Река загрижени поради нискиот одѕив

Блерим Река гласа на Претседателските избори 2019

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократска атмосфера со многу мал број неправилности.

Портпаролот на изборниот штаб на Река, Рамадан Реџепи рече дека е загрижувачки фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова, според него, ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Македонија.

Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржат некој од другите кандидати доколку нивниот кандидат не се пласира во вториот круг, Реџепи рече дека ќе ги остават да гласаат за кого сакаат.

„Гласањето е демократско право и секој човек е сопственик на неговиот глас. Ние нема да ги повикуваме гласачите што нас не поддржа да гласаат за било кој од другите двајца кандидати“, посочи Реџепи.