Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски соопшти дека до 18:30 на гласање излегле 39,71 проценти од гласачите, од обработени над 91 отсто од гласачките места.