Во штипско поголема излезност од просекот во Македонија

Штип

Во Штип во 15 часот одѕивот на 77 гласачки места за претседателските избори е 35,5 отсто или гласале 14.852 гласачи со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева вели дека до нив нема пристигнато поплаки за нарушување на изборниот процес.

Во Свети Николе се бележи излезност од 40,14 проценти, во Пробиштип до 15 часот гласале 40,03 проценти, а во Карбинци 33,53 проценти.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека не се забележани инциденти или нарушување на изборниот процес ниту на гласачките места, ниту надвор од нив во сите општини во источниот регион.

Излезноста во Македонија до 15 часот била 28,89 отсто.