ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 28,89 проценти

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски соопшти дека излезноста на претседателските избори до 15 часот изнесува 28,89 проценти. Досега како што наведе се одработени гласовите од 2720 избирачки места и вкупниот број на гласачи изнесува 396 252.

Според Деркоски, нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Во ДИК се пристигнати 8 нови приговори за нарушување на гласачкото право.

„Приговорите не се од суштинска природа и не може да се каже дека го нарушуваат изборниот процес.Така што сметам дека воглавно овој изборен ден поминува мирно и се надевам дека до крајот на денот ќе завршиме на сличен начин без поголеми нарушувања на изборниот процес“, рече Деркоски.

Тој наведе и дека во моментот на одржување на прес-конференцијата не се обработени податоците од Гази Баба, Гостивар и Крива Паланка.