Во општина Новаци се гласаше и на патерици. Гласачот кусо ни рече дека излегол да гласа бидејќи му е важна иднината на државата и сакал кон тоа да придонесе со својот глас. Новаци, една од најголемите по површина општини во земјава, а со најретка населеност, и на овие избори е лидер во излезеност на гласање во Битолскиот Регион. Според ОИК таму до 13 часот на гласање излегле 33,12 проценти од гласачите. За разлика од Новаци, во Битола гласале 25,18 проценти, во Могила 18,57 проценти.„Специфично за нашата општина е што е распространета на голема територија, зафаќа голем дел од Мариовскиот регион каде има населени места што се наоѓаат на растојание од околу 40 до 50 километри од центарот на општината со мал број на жители. Таму имаме изборачки места со пет-шест гласачи. Општината има 2959 избирачи на 22 избирачки места“, рече Стевче Стевановски, претседател на ОИК во Новаци. „Од Шведска сум, пензионер и доаѓам по неколку месеци. Годинава се погоди да сум тука за изборите и да можам во родното место да гласам, а со тоа и да придонесам избирачкото место да не згасне“, вели Ристе Стојановски.