МВР на денешната прес конференција за претседателските избори соопшти дека регистрирало три случаи на неправилности.
„Во градинката „Срничка“ во Аеродром во Скопје, 36-годишен маж бил фатен како го фотографира ливчето, по што бил приведен и ќе следи пријава“, информираше МВР.
На гласачкото место 1515 во Кривогаштани, според полицијата, исто така било фатено лице како го фотографирало ливчето, а на 50 минути пред отворањето на гласачките места, било пријавено дека во училиштето „Дрита“, Рашче, била оштетена влезната врата на училиштето каде е гласачкото место.
„Секој обид за нарушување ќе биде санкциониран“, велат од МВР.