Новитет на изборите: Линија за помош на лица со оштетен говор и слух

ДИК денеска информираше за новината која ја воведува од овие избори.

„Се работи за телефонска линија во ДИК, за лица со оштетен слух и говор. Назначено е лице кое ќе одговара на знаковен јазик преку видео повици, а бројот е 076/488-360 на која лицата со оштетен слух и говор преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и на македонски знаковен јазик да добијат одговор“, информираше портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.

За прашања и коментари за ДИК од граѓаните активна е и бесплатната линија 0800 555 444.