Руралната општина Јегуновце иако со најмалку жители има најмногу излезност во тетовскиот регион до 10 часот, покажуваат бројките на општинските изборни комисии. Во Јегуновце гласале 4,1 % или 426 луѓе од вкупно 10.171 гласач. На ова подрачје до 10 часот најмалку гласале жителите на Боговиње, односно до 10 часот своето право го искористиле 1, 78% што значи дека од 27.501 гласач само 492 лица гласале. Во Тетово на гласање за избор на претседател излезле 3, 58 % од запишаните гласачи односни 2.986 од 83.367 граѓани. Мал процент од само 1, 82 има има и во Желино каде гласале само 429 луѓе од вкупно 23.510 гласачи. Од 15.268 граѓани на Брвеница гласале 563 или 3, 68 додека во Теарце гласал 630 луѓе илил 2, 8 % од регистрираните гласачи.