Во предградие на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, се случила нова експлозија, по шесте што беа активирани во три цркви и три хотели во градот.
Според полицијата експлозијата се случи во предградието Деивала. Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 185 лица, а над 400 други се повредени.
По седмата експлозија, неофицијално јавуваат локални медиуми, вкупниот број на повредени се искачил на над 550.