Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ, денеска информираше дека тие го следат изборниот процес со 250 набљудувачи распоредени низ целата земја и дека, според нив, процесот до сега се одвива без проблеми.
Шефот на делегацијата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, Рајнхолд Лопатка, информира дека единствена забелешка досега е тоа што на некои луѓе на кои им биле истечени личните карти биле враќани, па потоа доаѓале да гласаат со своите пасоши.