Граѓанската асоцијација МОСТ, која денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи, на својата прва прес конференција информираше дека не е почнато гласањето на гласачкото место 2344 во општина Студеничани.
„ГМ 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денес нема да се спроведува гласање“, соопшти МОСТ на втората прес конференција.
Претходно, во медиумите се појавија информации дека од МОСТ соопштиле за неправилности на две избирашеки места и за неисправни УВ ламби, што од асоцијацијата беше демантирано.