Во Дебар гласање за претседател и за градоначалник

Во општина Дебар денеска се гласа за претседател на државата и за градоначалник. Во општина Дебар на предвремените локални избори кандидати се Хекуран Дука од ДУИ и Арбен Аголи од Алијанса за Албанците. Според претседателката на Општинската изборна комисија Елмира Бакали, избирачките места се отворени навреме без проблеми. Во оваа општина има 27 избирачки места од кои 22 во градот и 5 во селските населби. Вкупниот број на избирачи во општината за претседател на РС Македонија се 18.602 додека за градоначалник на списокот се 18.551. Во своето објаснување Бакали вели дека разликата на гласачи е поради податоците кои се внесени од страна на ДИК.