Навреме отворени сите гласачки места во Куманово

macedonia - Taxi transport in Kumanovo.Taxi

За избор на еден од тројцата претседателски кандидати на Република Северна Македонија Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски денеска во Куманово на 167 избирачки места своето избирачко право ќе го остварат 86.009 граѓани запишани во избирачкиот список. Сите избирачки места според Звонимир Николовски претседател на ОИК утрото во 7 часот биле отворени, а вчера своето право на глас го оствариле и 104 изнемоштени и болни лица. Во Куманово вкупен број на гласачи е 92.878 со затворениците и регистрираните иселени лица.

Во Општините Старо Нагоричане и Липково изборниот процес започнал во 7 часот. Во Старо Нагоричане денеска ќе можат да гласаат 3.329 граѓани, а вчера гласале шестмина болни.

Во Липково пак, 25.360 граѓани своето избирачко право ќе го искористат на 30 избирачки места.