За разлика од референдумското изјаснување, на претседателските избори во Тетово за три избирачки места е промената локацијата. Гласачките места 1959, 1960 и 1963 наместо во објектот на општинската организација „Црвен крст“ на улица „Борче Кочовски“ за ова гласање се наоѓаат во просториите на основното училиште „Гоце Делчев“ на улицата „Иво Лола Рибар“.
„Дислокацијата е направена поради промена на статусот на објектот каде бил сместена општинската огранизација на Црвениот крст во Тетово на улицата Борче Кочовски“ – изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово.
Инаку во општина Тетово и останатите пет рурални локални самоуправи гласањето на претседателските избори е започнато точно во 7 часот и се одвива без проблеми. Можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас, на вкупно 265 избирачки места.