МВР и денеска издава лични карти

илустрација

Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори. Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР.