Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради неговата наводна улога во измамата на два милиона евра на субвенции од ЕУ. Чешката полиција понесе кривична пријава против Бабиш и неколку други лица, меѓу кои и членови на неговото семејство. Тој порача дека се работи за политички монтиран процес. Доколку биде обвинет Бабиш се сочува со казна затвор од 5 до 10 години.
Според случајот, фарма која добила субвенции од ЕУ била преземена од Агроферт, кој е конгломерат од 250 фирми во сопственост на Бабиш, а потоа префрлена на негови роднини. Подоцна Агроферт повторно станала сопственик на фармата.