Сè уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили. Од вкупниот процент невакцинирани деца сега во Скопје и надвор од Скопје се вакцинирани 45 проценти. Процентот на вакцинација со морбили во државава беше 82, 83 проценти, што е сериозно малку и укажува дека колективниот имунитет е сериозно опаднат. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека во овој момент во државава вкупниот број заболени од морбили изнесува 1.060.
„Се надевам дека сите ќе се придржуваат кон мерките кои ги воведовме како резултат на прогласување на епидемијата на ниво на целата територија, затоа што секој кој не е вакциниран, кој е нецелосно вакциниран или има непознат вакцнален статус, во присуство на вирусот значи дека има исклучително висок ризик да заболи од морбили“ изјави Филипче на одбележувањето на Европската недела на имунизација.