Во грчкиот главен град утрово свечено беше откриен споменикот на Александар Велики откако 26 години беше „заглавен“ во грчката бирократија, јавува новинската агенција МИА. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, поранешниот грчки министер за култура и некогашен лидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, градоначалникот на Пела, Григорис Стамкос и на синот на скулпторот Јанис Папас, Александрос Папас,
Атинскиот градоначалник Каминис во обраќањетоистакна дека станува збор за вистинско и големо уметничко дело, кое по тешките и долги бирократски процеси, конечно си го најде своето место.
Станува збор за споменик кој во 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција и 26 години поради разни причини не бил поставен.