Светска банка одобри нова рамка за партнерство со Северна Македонија

Илустрација, архивска фотографија

Бордот на извршни директори на Светска банка денеска ја одобри новата четиригодишна рамка за партнерствочија цел е побрз и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Министерот за финансии Драган Тевдовски неодамна изјави дека станува збор за рамка од 420 милиони долари.

Новата Стратегија има три фокусни области стои во соопштението на Светска Банка.Првата област ќе го подобри опкружувањето за конкурентен приватен сектор преку зголемување на поврзаноста и подобрување на пристапот до пазарите, помагајќи им на бизнисите да станат поиновативни, продуктивни и конкурентни и создавање на повеќе и подобри работни места за луѓето.

Втората област ќе ги поддржи инвестициите во човечки капитал со фокус на подобрување на обуката за образованието и вештини, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување за поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област ќе ја поткрепи фискалната одржливост и одржливоста на животната средина преку зајакнување на управувањето со јавни финансии и забрзување на транзицијата на земјата кон поодржлива комбинација на енергетски извори. Предизвиците од климатските промени ќе се решаваат преку инвестиции во енергетската ефикасност, обновлива енергија и транспорт и земјоделство кои се отпорни на климатски промени.