Медицински тимови од денеска ќе почнат со теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во училиштата следува откако беше прогласена епидемија на морбили во целата држава.
Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми изјави дека во соработка со министерот за здравство се во потрага на подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени.