Поминувањето на гасоводната цевка од интерконективниот гасовод со Грција во близина на Гевгелија ќе значи и гасификација на градот и намалување на загадувањето, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој изјави дека тоа е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката.
„Кракот на гасоводот од Неготино до Грција со кој ќе се поврземе гасоводно со уште една земја од регионот ќе поминува во близина на Гевгелија. Секако дека дел од таа цевка ќе има излез во Гевгелија и мислам дека ќе отвори простор за нови перспективи за градот, за помало загадување со поеколошко гориво“, изјави Анѓушев.
Гевгелија, посочи, има сериозни перспективи од пријателството со Грција што се воспоставиво последниот период како најблизок град до границата.