Со слогани „Време е неонацистите да одат в затвор” и „Да се осудат убијците неонацисти од Златна зора”, организации и здруженија за борба против расизмот, синдикати на вработени, меѓу кои и синдикатот на вработените во јавниот сектор, утрово одржа протест пред Апелацискиот суд и Обвинителството во Атина по повод четири годишнината од почетокот на судењето на Златна зора. Демонстрантите испратија порака дека не треба да се прифатат предлозите на Владата за промени во Кривичниот законик, според кои казните би биле помали.
Судскиот процес за Златна зора, која е осомничена за криминална група, за низа расистички напади и две убиства, започна на 20 април 2015 во специјално адаптирана просторија во атинскиот затвор „Коридалос”, а подоцна беше префрлен во судница