Северна Македонија останува на 95-то место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), додека минатата година беше на 109 место. Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде владата сѐ уште не спровела реформи.
„Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017. Така што, за сега, програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во извештајот на организацијата.
Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјата. Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.