Пендаровски е за одење напред, Сиљановска вели нема татковина без мајка

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова

Пендаровски: Гласот за Сиљановска е глас против напредокот

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на денешната средба со жителите на Кратово, побара подршка за концептот за напредок кој според него носи сигурна иднина на државата.

„Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО и перспективи за младите”изјави Пендаровски

„Режимот на фамилијата” мислеше колку повеќе пари да прибере, рече Пендаровски додавајќи дека за жал во тоа време „многу златни деца заминаа“.

Јасна е разликата, додаде тој, укажувајќи дека „гласот за Сиљановска е глас против СЈО и против напредокот, а гласот Стево е глас за праведно општество, интегрирано во НАТО и ЕУ”


Сиљановска: На татковината и е потребна мајка

Кандидатката за претседател на Гордана Сиљановска Давкова денеска на митингот во Берово порача дека ќе се обидат да ги задржат младите, а оние кои си заминаа да ги вратат.

Таа рече дека во животот може да се смени апсолутно се, но татковината никогаш.

" Големиот македонски писател и драматург Горан Стефановски кој работеше и живееше во Англија, секогаш велеше дека мислите и срцето му биле дома, во Македонија. Нема татковина без мајка, на една татковина и личи да има мајка. Од Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ слушнав една убава работа: Жените во Македонија да гласаат за жена. Во мојот кабинет најмногу ќе има жени, и тоа најмногу поради тоа што долго време тие немаа шанса да бидат вработени на место кое го заслужуваат, рече Сиљановска

Таа денеска ја прифати и поканата за кафе од кандидатот за претседател Блерим Река.Од штабот на Река се надеваат овие денови штабот дека ќе го посети и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.


Мицкоски: Се отвора вратата за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која застана зад Силјановска, на денешните средби со граѓаните во Берово истакна дека и во овој град се чувствува само сиромаштија, немање работа и се помасовно иселување на младите од Македонија, додавајќи дека ова мора да заврши час поскоро. Според Христијан Мицкоски овие избори не се само претседателски избори туку и можност за отворање на вратата за нови предвремени избори, доколку Силјановска победи на претседателските избори.