Портпарол на Владата Миле Бошњаковски на пресс конференција денеска изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција за санирање на штетите од пожарот во катедралата Нотр Дам.
Бошњаковски рече дека Министерство за надворешни работи треба да го информира македонското каква помош му е потребна, дали во парични средства или со други ресурси и капацитети.
„Ние донесовме одлука дека имаме намера да испратиме помош за Франција. Но, сè уште немаме повратна информација од француското МНР, кога ќе ја добиеме, ќе донесеме одлука како и на кој начин ќе помогнеме. Можеби јавноста ќе биде изненадена, но ние како држава имаме капацитети што може да се искористат во ваква ситуација“, рече Бошњаковски.
Вчера Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да се координира со француските власти за помош за реставрација на опожарената црква Нотр Дам.