Антикорупциската комисија денеска го прифати приговорот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка која во изборен период исплатила над еден милион евра на повеќе од две илјади лозари, за исплата на долг на приватни фирми. Антикорупционерите одлучија дека со исплатата е прекршен изброниот законик и законот за спречување на корупција и дека ќе иницираат постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.
Антикорупционерите, на денешната седница посочија дека се разгледуваат четири приговори на опозициската партија.