Во потрага по нелегалент отпад пронајден побегнат затвореник

Илустација за нелегален отпад

Нелегални отпади и незаконско собирање на отпад се откриени во заедничката акција на комуналната инспекција, Државниот инспекторат за заштита на животната средина и СВР Струмица. При акцијата, на местото каде што била извршена контролата бил пронајден побегнат затвореник по кој трагала полицијата. Повеќе детали за ова, полицијата сè уште не објавила.

Во акцијата изречени се четири казни каде се затекнати лицата кои вршеле нелегално собирање отпад, а Инспекторатот за животна средина и полицијата најавија дека дополнително ќе поднесени соодветни пријави против прекршителите.

Според информации од комуналната инспекција затекнати се лица како вршат расклопување на отпад на недозволени локации, а немале ниту дозвола за вршење на дејноста.