Претседателски и парламентарни избори во Индонезија

Еден од претседателските кандидати, поранешниот генерал Прабово Субијанто

Граѓаните на Индонезија денеска на избори ќе гласат за нов претседател на државата и за нов пратенички состав. Најголемата земја во светот каде што мнозинското население е од муслиманска вероисповест ќе одлучува кој ќе ја води државата. Право на глас во Индонезија имаат 190 милиони луѓе.

Кандидати за претседателската функција се актуелниот политичар Јоко Вуфдодои поранешниот генерал Прабово Субијанто. Видодо се смета за најпопуларен политичар во Индонезија и е поомилен во јавноста. Анкетите за јавното мислење, сепак, тврдат дека трката ќе биде тешка.

Индонезиските избори во медиумите се опишани како најголемите еднодневни избори во светот, а годинава за прв пат досега во ист ден се бираат и претставниците во Парламентот и претседателот.