СДСМ демантира дека преку апликација прибирале лични податоци на граѓани

Седиштето на СДСМ.

Од СДСМ преку соопштени ги демантираат информациите што ги пласираше тимот на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска - Давкова за постоење интернет апликација која СДСМ ја користи за прибирање лични податоци од граѓаните.

„Не е точно дека постои апликација „Големото око“, како лажно што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак дека е прекршен изборниот процес или личните права на граѓаните, најмалку дека се прекршени законите“, велат од СДСМ.

Во соопштението наведуваат дека партијата користи современ, иновативен начин на водење кампања, модел којшто е преземен од сестринските партии од Шведска.

„Системот не прибира лични податоци на граѓаните, не содржи фотографии, ниту дата податоци од паметни телефони ниту интернет активности“, велат од партијата.