Од тимот на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска - Давкова преку соопштение информираат дека таканаречен свиркач им доставил документ, кој, според нив, укажува на сериозно прекршување на изборниот процес и на правата на граѓаните.
Од тимот на Сиљановска соопштуваат дека документот укажувал на тоа дека преку апликација за смарт телефон од СДСМ прибирале лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале апликацијата. Во соопштението се наведува и дека членови на СДСМ со помош на апликацијата добивале целосен увид во интернет активностите на сите граѓани, без нивна дозвола.
„Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес“, стои во соопштението.
Од тимот на Сиљановска ги повикуваат релевантните институции да реагираат.